Контакт

Црна хроника

Мајката на загинатата студентка: Обвинетиот цела година е на слобода, мојот случај не може да се реши

Објавено пред

По речиси цела година откако беше прегазена студентката Фросина Цековска од Крива Паланка,во Основниот суд Скопје 1 започна судењето за несреќата што се случи кај Универзална сала.

dobivaj vesti na viber

На денешното рочиште воведни зборови дадоа Јавниот обвинител и одбраната на обвинетиот, очевидец кој пријавил со какво возило била прегазена Цековска и сопственикот на „хондата“ кој бил на совозачкото седиште додека обвинетиот го управувал возилото. По нивните искази, судијата Илија Трпков сакаше да закаже датум за друго рочиште, но студентките кои требаше да сведочат на крајот од март имале колоквиумска недела и не можеле да дојдат, што би значело дека судењето ќе се одолговлечи.Мајката на загинатата студентка, која беше присутна во судницата, со слика во рацете од својата ќерка, револтирана, стана со плачење и  побара случајот да се реши побрзо. „Обвинетиот цела година е на слобода, мене девојчето, еве една година веќе ми го нема, а мојот случај не се решава. Сум ја пратила во Скопје да учи со примања од 10.000 денари, да биде наша гордост, што држава е ова? Уште колку мајки ќе плачат како мене“, рече низ солзи мајката на загинатата студентка.Судијата се согласи да продолжи судењето со испрашување на другите сведоци, трите студентки, најверојатно другарки на загинатата Фросина. Семејството се уште се сомнева дека обвинетиот кој денеска седна на обвинителна клупа, дваесет и шестгодишниот Љубиша Видојковиќ, не е возачот која ја прегазил нивната ќерка.Таткото, Љупчо Цековски и претходно тврдеше дека папиларните линии од отпечатоците на воланот не се совпаѓале со папиларните линии на отпечатоците обвинетиот. „Истрагата е насочена против лицето кое се пријавило, но има јаки сомнежи. Недостигот од папиларни линии, бришење на воланот, наоѓање разни отпечатоци на седиштата. Не се совпаѓаат папиларните линии на воланот со папиларните линии на убиецот. Сто отсто друг е“, рече Цековски во септември во изјава за медиумите.Денеска само изјави дека сомнежите се уште траат, но дека се надева дека вистината ќе излезе на виделина.Сепак обвинетиот, Љубиша пред судот изјави дека не се чувствува виновен за кривичните дела кои му се стават на товар, тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и кривично дело, неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.„Не се чувствувам виновен, бидејќи јас сум убеден дека јас сум поминал на зелено светло на семафорот“, рече обвинетиот. Неговиот адвокат, Игор Мицев во воведните зборови рече дека целта на одбраната ќе биде да докаже дека Љубиша поминал на зелено светло на семафорот, а клучен доказ ќе им биде ЦД и видео од безбедносните камери на крстосницата меѓу булеварот „партизански одреди“ и „Рузвелтова“.Очевидецот на несреќата кој пријавил со какво возило било прегазено девојчето, Петар Блажев бил сопатник во автомобил „порше“ којшто се движел меѓу „Симпо“ и Универзална сала.Претходно не ја забележал „хондата“, го видел ударот на пешачкиот премин. Возилото удрило во студентката, девојчето летнало во воздух и била отфрлена после другиот пешачки премин.Возилото со коешто се случи сообраќајката било во сопственост на другар на Љубиша, Сашо Баланчевски. Според неговата верзија, тој заедно со Љубиша и уште двајца нивни другари после работа заминале на ручек. Таму, Сашо пиел пиво, а Љубиша ракија. Кога завршиле со ручекот тргнале да си одат дома, Сашо требало да го остави Љубиша во неговиот дом во Карпош 3, а потоа да си оди дома. Но, Љубиша кој имал исто така автомобил „хонда“, но друг модел изразил желба да го повози неговиот автомобил којшто бил поспортска марка од неговиот. Љубиша се качил на возачкото седиште од пред ГУЦ„Здравко Цветковски“ и се упатиле кон Центар. Баланчевски се сеќава дека на еден семафор Љубиша застанал на црвено, а потоа ги фатил таканарачен зелен бран и потоа сите семафори светеле зелено. Тие возеле во средната лента, но пред нив имало возило коешто било побавно и се престроиле во левата лента. Кога стигнале на пешачкиот премин кај Универзална сала, каде што се случи несреќата почувствувале силен удар на предната десна страна на возилото. Од ударот, се скршила и предната и задната шофершајбна на возилото, ситни парчиња стакло паѓале на нивните лица, а лицето на Беланчевски било цело со крв. „Љубиша подзастана малку, се свртевме назад, Љубиша се исплаши кога ме виде цел крвав и рече дека ќе ме носи во болница. Додека возевме кон Центар му реков дека не е битно тоа што сум јас исечен бидејќи знаев дека сме направиле поголема беља“ рече Баланчевски.Потоа се вратиле кон населбата Ѓорче Петров каде што живее Баланчевки. Возилото го оставиле во дворот од куќата на Баланчевски и двајцата заминале во полициската станица во Ѓорче Петров. Таму му зеле крв и урина. Беланчевски тврдеше дека според негова проценка Љубиша возел со брзина од 70 километри на час и тврдеше дека додека стоело возилото во неговиот двор никој друг не седнал во него. Обвинетиот бил во алкохолизиран состојба, со 1,23 промили присуство на алкохол во крвта, но од обвинителството не соопштија со колкава брзина се движело возилото. Обвинителката во овој случај рече дека обвинителството поседува и материјални вербални докази за овој случај и дека очекува судот да донесе осудителна одлука за двете дела. Според обвинителството, ДНА профилот од трагите кои биел најдени во возилото се совпаѓале со ДНА профилот на обвинетиот. Судењето е во тек./крај/ффс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Возач фатен со 1,99 промили алкохол во крвта и активна забрана за управување возило

Објавено пред

Вчера во 21:10 часот на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Аеродром во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Т.А(54) од Велес.

dobivaj vesti na viber

Имено, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „ланчиа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Т.А. и по преземени мерки и извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 1,99 промили алкохол во крвта и дека имал активна забрана за управување возило.

Лицето од страна на полициските службеници е лишено од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод

Објавено пред

Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.

По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пријавени тепачки во Шуто Оризари

Објавено пред

Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).

Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет2 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет4 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет8 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет9 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет12 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет12 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет13 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет13 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет14 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет14 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија14 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет15 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет15 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет18 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија19 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет19 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет24 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет1 ден

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија1 ден

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...