Црна хроника
Македонец и Бугарин затаиле данок во износ од 160.000 евра
Сопственикот и управителот на фирмата „Рефус Трејд“ затаиле данок во износ од 160.000 евра, соопштуваат од Управата за финансиска полиција.
Македонскиот и бугарскиот државјанин во текот на 2011 и 2012 година не пријавиле и упратиле ДДВ и персонален данок на доход во вкупен износ од 160.000 евра.Во периодот од овие две години, Македонецот до разни купувачи доставил 88 фактури за продажба на секунадарни суровини-отпад, за кои наплатил 18 отсто ДДВ. Свесен за направеното кривично дело, два дена пред истекот на поднесување на задолжителна пријава за ДДВ во Управата за јавни приход, Македонецот кој е и основач на фирмата, сопственоста ја пренел на Бугаринот.Доказ дека преносот на сопственоста на фирмата е само параван за затскривање на криминалот, е и фактот што Македонецот и откако формално-правно ја отстапил сопственоста на „Рефус Трејд“ на Бугаринот, тој и понатаму продолжил да работи со фирмата, односно во име на фирмата „Рефус Трејд“ кон повеќе фирми продолжил да испорачува отпад, а парите кои купувачите ги уплатиле, веднаш по трансферот ги подигнувал во кеш од сметката на фирмата на која се уште бил овластен потписник.Македонецот е уапсен, а по Бугаринот се трага./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.
Црна хроника
Возач на комбе не забележал човек зад возилото, го удрил и тешко го повредил
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров се случила несреќа со тешки последици.
Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што го удрил. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

