Црна хроника
Малолетник и тинејџер од Кичево „оперирале“ во Охрид
Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе во петокот кривична пријава против две лица од кои едно е малолетно лице, поради тоа што се осомничени дека во охридска населба извршиле две тешки кражби.
Против малолетникот и 18-годишникот идентификуван со иницијалите Б.Ч. од кичевското село Брждани е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека заедно сториле две казнени дела „Тешка кражба“.
Двајцата, од две куќи на улицата „Париска комуна“ во Охрид одзеле вкупно 400 евра, 300 американски долари, 2.000 српски динари, мобилен телефон, алкохолни пијалоци и еден детски велосипед.
Пријавените, во текот на март годинава преку кров од соседна барака со физичка сила успеале да го скршат таванот и да направат отвор преку кој влегле во куќата. Откако извршиле пребарување насилно ја отвориле металната врата од приземјето од каде ги одзеле алкохолните пијалоци и велосипедот.
На 22 -ри септември, пријавените со употреба на физичка сила насилно ја отвориле двокрилна влезна врата од куќа на истата улица. Извршиле пребарување низ собите и под кревет од спалната соба пронашле и одзеле 400 евра, 300 американски долари, 2.000 српски динари и еден мобилен телефон.
Пријавените со извршените казнени дела вкупно се стекнале со противправна имотна корист од 45 илјади денари./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

