Црна хроника
Малолетник истепан во центарот на Скопје
Еден малоленик бил малтретиран и истепан ноќта во петокот кон сабота во центарот на Скопје од непознати лица додека со две другарки чекал такси.
Случајот го пријавил во полициската станица-Центар го пријавил неговиот татко, кој реколдека околу 00.40 часот на ул. „Филип Втори“, поточно пред Кафе бар „Локал 105“, неговиот малолетен син А.С.(1997), додека чекал такси возило со неговите две другарки А.М. и С.Т., од страна на неколку лица бил грубо малтретиран при што му била загрозена сигурноста, по што се здобил со телесна повреда.
Насилството се случило на тој начин што покрај него најпрво поминало едно машко лице и се турнало во него и му рекол да се тргне, но кога А.С. се повлекол назад не сакајќи да прави проблем, лицето повторно се вратило назад и замавнало кон него со раката , по што А.С. му ја фатил раката, но лицето замавнало со другата и го удрило по лицето, во тој момент дошле уште неколку лица кои почнале да го напаѓаат, по што од ударите тој се занесол, паднал преку оградата и се здобил со повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

