Црна хроника
Маскирани и вооружени ограбиле бензинска во Скопје
Две маскирани и вооружени лица, ја ограбиле бензиската на „Макпетрол“ во Кисела Вода, одземајќи 75.000 денари соопшти Министерството за внатрешни работи.
Имено, во понеделникот утрото околу 2.40 часот на улицата „Антон Попов“, поточно во бензиска пумпа на „Макпетрол“, две маскирани лица од кои едното вооружено со пиштол извршиле разбојништво.
Со закана од вработените одземале околу 75.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.
На сличен начин, истата бензиска пумпа, беше ограбена од две маскирани и вооружени лица и во јануари годинава, при што беа одземени 50.000 денари./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

