Црна хроника
Машко безживотно тело пронајдено во возило на границата со Албанија
Возило со машко безживотно тело доцна во четвртокот било пронајдено од страна на полициски службеници на местото викано Мирешки ливади за време на потрагата по разбојниците што извршија обид за тешкиот вооружен грабеж на 29-ти јули во две златари во Дебар.
Според информациите на полициските органи телото се наоѓало на задното седиште од возилото марка „Range Rover“ кое било со англиски национални ознаки.
„Возило е пронајдено во 19 часот и 45 минути на место викано Мирешки ливади во близина на државната граница со Република Албанија. Двете задни врати од џипот беа отворени, задното ветробранско стакло беше скршено, а на задното седиште во лежечка положба пронајден е машкиот леш“, информираат од СВР Охрид.
Јавен обвинител од Основниот суд во Дебар, претставници од судска медицина, претставници од Министерството за внатрешни работи и други овластени службени лица веднаш излегле на место каде што било пронајдено возилото за да направат криминалистичко-технички увид./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицијата уапси 44-годишен охриѓанец, кој тешко повредил сограѓанин
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Партизанска“ во Охрид, полицијата го приведе А.Ф. (44) од овој град. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид физички го нападнал С.М. (34), при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ловечка пушка и куршуми пронајдени кај маж од Кочани: поднесена кривична пријава
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против К.Е.(32) од Кочани.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 04.03.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловечка пушка ТОЗ-66 со кал.12 и куршум со калибар 7.62мм, кои неовластено ги чувал и поседувал во својот дом.
Црна хроника
Тешко повредена 71-годишна жена од Велес: ја прегазило „бмв“
Вчера околу 10:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на 21.11.2025 околу 10:30 часот на ул.„8 Велешка бригада“ во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.А.(38) од Велес, удрило во 71-годишната Б.А. од Велес.
По несреќата Б.А. била пренесена во приватна здравствена установа во Велес за укажување на лекарска помош, а на 25.11.2025 за укажување на лекарска помош се јавила во Општата болница Велес, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

