Црна хроника
Маж и жена повредени при судир на автомобил со воз кај штипско Кадрифаково
Маж и жена од светиниколското село Ерџелија се тешко повредени, откако автомобилот со кој патувале се судрил со воз на пругата во близина на Кадрифаково, штипско.
Во загрижувачка здравстена состојба, со скршеници на градниот кош и сомнеж за внатрешно крварење, жената итно е пренесена на Скопските клиники, додека мажот е задржан во Штипската болница и кај него се констатирани скршеници на двете нозе, пренесува „Старплус“ на ТВ Стар.Како се случила несреќата, треба да утврди истрагата, но повредениот жител на Ерџелија бил професионален возач, и точно знаел како се минува пруга. На пругата кај Кадрифаково, воз минува двапати во денот, но дури и со толку мала фреквенција, пругите се сообраќајно ризични места во овој дел од државата. Ваквата состојба , според возачите е резултат на немањето на соодветна сигнализација. Инаку, пред неполна година, во судир на воз и автобус кај Лозово беа повредени над 30 лица, пренесува „Старплус“ на ТВ Стар./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

