Црна хроника
Мигранти ограбени и нападнати, еден ранет
Сириски мигрант бил ранет во четвртокот вечерта еден час по полноќ во скопското село Студеничани, кога пет лица облечени во маскирни униформи ја пресретнале групата мигранти, ги нападнале и ограбиле.
Им украле 335 евра, 8.000 денари и два мобилни телефона, а за време на грабежот еден од разбојниците употребил и огнено оружје. Во пукањето повреден е еден мигрант во левата надколеница. Групата, составена од 18 мигранти успеале да го совладаат напаѓачот, му го одзеле оружјето и го предале во полициската станица во Студеничани.Повредениот сириски државјанин со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде му се констатирани телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Против дваесетгодишниот осомничен кој пукал, по брза постапка ќе биде поднесена соодветна кривична пријава додека, пак, по останатите лица интензивно се трага./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

