Црна хроника
Моторџија загина кај Кичево
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што во четвртокот во 13 часот се случи на регионалниот пат Кичево-Осломеј, соопшти СВР Охрид.
Луан Т. (19) од кичевското село Мамудовци на лице место го загуби животот во момент кога управувајќи моторцикл марка „Јамаха“ директно се судрил во задниот десен дел од патничко моторно возило „Фиат Добло“со кичевски регистарски ознаки.
Сега починатиот, моторциклот го управувал без заштитна кацига во правец од Осломеј кон Кичево и од засега неутврдени причини изгубил контрола по што удрил во задниот десен дел од возилото „Фиат Добло“ кое се движело во правец од Кичево кон Осломеј.
На местото на тешката сообраќајна незгода во тек е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Кичево како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај.
Поради тоа сообраќајот на регионалниот пат Кичево-Осломеј е во привремен застој.
Полициската станица од Кичево презема дополнителни неопходни мерки за утврдување на причините за тешката сообраќајна незгода./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.