Црна хроника
МВР: Во џамии, невладини и интернет кафулиња се регрутирале борци за Сирија
Формално правно во Македонија нема центри за обука на терористи, но во денешната полициска акција „Келија“ полицијата откри дека во интернет кафе, во џамијата Тутунсуз, во приватни куќи и во објекти на невладини организации се подготвувале и се врбувале нови војници од Македонија за да се борат на страната на терористичката организација на боиштата во Сирија.
На врвот на групата се наоѓа имамот Реџеп Мемиши, кој се смета за еден од идеолозите на ова екстремистичко движење во Македонија. Полицијата претрeсувала 28 објекти, од кои 21 во Скопје, четири во Гостивар и по еден објект во Тетово, Куманово и Струга. Претреси биле извршени во џамијата Тутунсуз којашто не е под контрола на Исламската верска заедница, во интернет кафе како и во објектите на невладините „Искра на милоста“ и „Исламска младина“ во Сарај.Регрутирањето на членовите бил долготраен процес, осомничените заминувале со фалсификувани патни исправи преку Турција за да се борат на страната на терористичката организаицаија. Социјалните мрежи биле една од главните алатки за врбување на членовите. Поднесена е кривична пријава против 36 лица од Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга, на возраст од 19 до 49 години, за сторени кривични дела „Учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“.Министерот за внатрешни работи Митко Чавков вели дека ризици за напaди во Македонија има, како што има и во секоја земја во светот.„Самиот факт што има такви поединци или групи се индикатор дека во Македонија се можни напади, но обезбедувањето на виталните објекти и личности се столб на нашите активности“, изјави Чавков.Досега на боиштата во Сирија загинале 16 македонски државјани, а според проценките на МВР 130 државјани се бореле или се борат на боиштата во Сирија./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

