Црна хроника
На должност убиени двајца њујоршки полицајци
Неидентификуван маж убил двајца припадници на њујоршката полиција додека биле на должност, што е прв таков случај по три години, пренесува во неделата The New York Times и додава дека засега нејасни се мотивите за злосторството.
Неидентификуван маж убил двајца припадници на њујоршката полиција додека биле на должност, што е прв таков случај по три години, пренесува во неделата The New York Times и додава дека засега нејасни се мотивите за злосторството.
Според заменичката началник на локалната полиција, Ким Ројстер, напаѓачот отворил оган врз полицајците додека тие седеле на предните седишта во патролното возило, а потоа побегнал кон најблиската станица на подземната железница. „Очигледно полицајците биле погодени во горните делови од телата“, изјавила Ројстер.
Според очевидец, најмалку еден од полицајците бил застрелан во главата во патролното возило во њујоршки Бруклин во саботата попладне по локално време
Напаѓачот потоа се самоубил. Полицијата подоцна го пронашла неговото оружје во патролното возило и утврдила дека тој пришол од совозачката страна на автомобилот.
Засега не е соопштени идентитетот на жртвите и на напаѓачот, како ни можните мотиви за двојното убиство.
Весникот потсетува дека последниот случај на убиство од огнено оружје на полицаец на службена должност датира од 2011 година, кога е убиен полицаецот Питер Фигоски./крај/мф/сн
Извор: The New York Times
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

