Црна хроника
На Табановце запленети 8 крг марихуана
Осум килограми марихуана од Албанија наменети за илегалниот пазар во Чешка запленија во саботата, македонските царински службеници од граничниот премин Табановце, соопшти во неделата Царинската управа.
Околу 15 часот во саботата, на излез од Република Македонија, на граничниот премин Табановце – автопат, се пријавило патничко моторно возило марка „смарт“ со албански регистарски таблички управувано од осомничениот 56-годишен државјанин на Албанија.
И покрај тоа што пријавениот на вообичаеното прашање одговорил дека нема ништо за пријавување, царинските службеници се посомневале во одговорот, по што возилото било селектирано за преглед.
При прегледот на возилото, во задниот дел од левиот и десниот праг, во фабричка шуплина, царинските службеници пронашле вкупно 27 пакетчиња со различна големина, облепени со кафена селотејп трака наполнети со наркотична дрога – марихуана со вкупна тежина од околу 8 килограми.
Во разговор со осомничениот, утврдено е дека за паричен надомест од 4.000 евра, со лица од Албанија се договорил да пренесе поголемо количество дрога од Албанија за Чешка.
Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното јавно обвинителство./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж од Прилеп се соблекол пред малолетни девојчиња и ги вознемирувал
Вчера во 16 часот полициски службеници од ОВР Прилеп во Прилеп го лишиле од слобода Т.Д.(49) од Прилеп, по пријава од 45-годишен маж од Прилеп дека Т.Д. се соблекол пред малолетни девојчиња и ги вознемирувал.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Осуденици се тепале во затворот во Идризово
Денеска во 00.56 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека во саботата околу 20.30 часот во установата Б.Ќ.(31) од Тетово бил физички нападнат од М.К.(29) од Куманово и А.Л.(24) од Скопје и уште неколку други лица, сите осуденици од установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Таксист возел туристи, па сам од нивниот паричник си зел 1.700 денари за услугата
Вчера во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и неговата сопруга влегле во такси возило, кое ги однело од трговски центар во Скопје до крстосницата помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Беласица“. За превозот на такси возачот му платиле 200 денари за еден километар.
Но, возачот им кажал дека не е доволно и од паричникот на оштетениот сам одзел околу 1.700 денари, а потоа им рекол да го напуштат возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.