Црна хроника
Најден Македонецот кој исчезна во Мелбурн

Австралиската полиција го пронајде деветнаесетгодишен Македонец во Мелбурн кој исчезнал синоќа во 21.30 по австралиско време. Тинејџерот бил пронајден недалеку од неговиот дом во Reservoir во Мелбурн.
Полицијата и родителите на Чагорски преку соопштение им се заблагодарија на медиумите за придонесот 19-годишниот Петар да се најде./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник на Бит-пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје

Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко повреден

Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.