Црна хроника
Најден мртов тинејџер со рана во градите
Во вторникот, во полициската станица Групчин С.С.(44) од Групчин пријавил дека во 18 часот, преку негов близок родина, пријавил дека во нива во месноста „Чешма“, што се наоѓа над ова тетовско село, го пронашол починат неговиот 16-годишен син.
Момчето имало една влезна рана од огнено оружје, најверојатно од пиштол, во левиот дел од градите.Веднаш бил повикан лекар кој ја констатирал смртта.Набрзо по пријавувањето, јавен обвинител, увидна екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид.На местото на настанот пронајдено е безживотното тело на малолетникот покрај кој се наоѓал пиштол „Берета“ калибар 9 милиметри, неколку неиспукани куршуми од ист калибар во цевката и шаржерот на пиштолот и една испукана чаура.Покрај тоа, пронајдени и подигнати за вештачење се и други траги, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.Се работи на целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.