Црна хроника
Најдени речиси 4 кг. марихуана кај албански државјанин во Гостивар
Речиси четири колограми марихуана, поточно 3.884,2 грама марихуана се најдени при претрес во домот на албански државјанин во гостиварското село Добри Дол.
Осомничениот бил затекнат пред два дена како продава марихуана во населбата Млаки, во Гостивар. При обидот на полицијата да го претресе осомничениот, тој избегал, но по половина час бил фатен.Станува збор за дваесет и осумгодишен албански државјанин со место на живеење во Добри Дол. Обвинителството поведе постапка против осомничениот за сторено кривично дело – Недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.Основниот суд – Гостивар со Решение го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му е изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

