Црна хроника
Најдено мртво новороденче во тоалет во тетовската болница
Дежурен лекар во тетовската болница пронашол мртво новородено бебе покриено со пелени во тоалетот на интерното одделение во тетовската болница.
Случајот бил пријавен во понеделникот вечерта околу 22 часот, а телото на новороденчето било однесено на одделението за судска медицина. Јавен обвинител, увидна екипа од СВР Тетово и доктор по судска медицина извршиле увид на местото и извршиле разговор со дежурните лекари од интерното и гинеколошкото одделение. Констатирано било дека во понеделникот околу 16 часот на интерното одделение била примена триесет и шестгодишна пациентка од селото Групчин. По кратко време заради дијагнозата таа била препратена гинеколошкото одделение. Според мислењето на лекарите, пацинетката имала спонтано породување бидејќи пронајденото бебе одговарало на шести месец од бременост, а и добиениот материјал од утерусот укажувал дека жената се породила. Сепак пациентката и нејзиниот сопруг тврделе дека жената не била бремена и дека не се породила. Местото на настанот е фотодокументирано и земени се брисеви за ДНК анализа. Секторот за внатрешни работи -Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.