Црна хроника
Нападнат полицаец што нашол дрога во вила во Охрид
Еден нападнат полициски службеник, пронајдени неколку опаковки со бела прашкаста материја и едно лице лишено од слобода, е епилогот од синоќешниот претрес во вилата „Пијано“ лоцирана на улицата „Абас Емин“ во Охрид.
Еден нападнат полициски службеник, пронајдени неколку опаковки со бела прашкаста материја и едно лице лишено од слобода, е епилогот од синоќешниот претрес во вилата „Пијано“ лоцирана на улицата „Абас Емин“ во Охрид.
Полицискиот инспектор е нападнат кога во една просторија од вилата пронашол неколку опаковки со бела прашкаста материја сокриени во метална шина од преграда направена од Кнауф. Во моментот лицето Џ.А.(43) од Охрид кој стопанисувал со вилата „Пијано“, побарал од полицискиот инспектор да не ги пријавува опаковките.
Тоа било одбиено и при обид за продолжување на службените дејствија, Џ.А. со тупаници го удрил полицискиот инспектор во пределот на градите кинејќи му делови од облеката по што се обидел да ги оштети пронајдените опаковки.
Тој бил спречен во неговата намера да продолжи со физичкиот напад врз полицискиот инспектор кој поради влошување на здравствената состојба, подоцна е пренесен во општата болница во Охрид.
Во врска со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и напад врз службено лице при вршење работи од областа на безбедноста, Џ.А. е приведен и задржан во СВР Охрид а потоа и лишен од слобода. Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Џ.А. веќе е на издржување затворска казна во казнено поправната установа-затвор Струга./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

