Црна хроника
Насилници го демолираа битолскиот клуб „Расчекор“
Поголема група лица го демолирала ноќта кон неделата битолскиот ноќен клуб „Расчекор“ при што било нападното и обезбедувањето на локалот, за што на осомничените им е одреден осумдневен притвор.
Поголема група лица го демолирала ноќта кон неделата битолскиот ноќен клуб „Расчекор“ при што било нападното и обезбедувањето на локалот, за што на осомничените им е одреден осумдневен притвор.
Инцидентот се одиграл околу 2,15 часот по полноќ во неделата кога поголема група лица дошла пред локалот на улицата „Партизанска“ во Битола, од засега неутврдени причини со различни предмети, метални шипки, стаклени шишиња и чаши започнале со демолирање на клубот, а гостете и персоналот во паника го напуштиле објектот.
Присутното обезбедување од агенција за обезбедување, при обид да бидат спречени, исто така биле физички нападнати од учесниците во насилството со тупаници и клоци, како и со стаклени шишиња, чаши и метални палки.
Со насилството предизвикана е материјална штета која се проценува на околу 100.000 денари, известуваат од битолската полиција.
Во врска со инцидентот, од страна на судија на претходна постапка, одредена е мерка притвор во траење од осум дената за Ѓ.Т.(36), Ѓ.Ф.(23), А.А.(36), К.И.(21) и Б.С.(29) сите од Битола, а поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, и „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дваесет и тригодишен скопјанец најден починат во домот во Гази Баба
Вчера на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23).
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од полицијата, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.