Црна хроника
Момче од Скопје загина во сообраќајка на патот Битола-Ресен
Момче од Скопје загина, а пет сопатници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во понеделникот наутро околу 6.30 часот на патот Битола-Ресен.
Дваесет и шестгодишниот возач од Скопје изгубил контрола и со автомобилот „фиат стило“ со гостиварски регистерски таблици, удрил во заштитните еластични огради од левата и од десната страна и излетал од коловозот.Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот, додека сопатниците Д.К. (24) и В.М. (26) од Скопје, М.Т. (26) и М.З. (21) од Битола и С.Д. (21) од Гостивар, се здобиле со телесни повреди. По укажаната медицинска помош во болницата во Ресен, повредените се префрлени во Клиничката болница Битола. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полициската станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.Уште една сообраќајка се случила во понеделникот вечерта во 21.15 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп. Автобус „темса“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ж.Б.(55) од Прилеп се судрил со „рено 18“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Е. (54) од Градско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот кој по укажаната лекарска помош во медицинскиот центар во Кавадарци, и поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен центар Скопје. Со телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило С.Р. (32) и У.И., двајцата од Прилеп. Тие по укажаната лекарска помош во Кавадарци се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од кавадаречката полиција./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило од Албанија излетало од патот во Струшко: повредени се повеќе лица
Утрово во 08.10 часот, на магистралниот пат Ќафасан – Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Надлежните информираат дека увид извршиле полициски екипи.
Црна хроника
Во оптек пуштил лажни евра: уапсен маж од Кичевско
Вчера во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште.
Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик.
Полицијата соопшти дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од Скопско тешко повредена: ја прегазил трактор
Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.