Црна хроника
Навивачи повредиле четворица полицајци оти не им дозволиле да внесат алкохол

Навивачи на фудбалскиот клуб Вардар од Неготино повредиле четворица полицајци бидејќи не им дозволиле да внесат алкохол на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Инцидентот се случил во средата попладне околу 17.50 часот пред завршувањето на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалскиот клуб Вардар од гостиварското село Форино и фудбалскиот клуб Вардар од Неготино. Навивачите почнале да фрлаат камења кон источната трибина и повредиле четворица полицајци. Приведени биле четири лица од кои три лица поради омаловажување на полициски службеници и едно лице поради фрлање на предмети кон гледалиштето. Причина било тоа што на членови од навивачката група не им било дозволено да внесуваат алкохолни пијалаци на стадионот. Од страна на ПС ОН-Прилеп ќе бидат поднесени пријави./кај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Девојка (27) пронајдена мртва во Дебарско Езеро, Обвинителството истражува

Телото на 27-годишната С.А. од Дебар вчера беше пронајдено во водите на Дебарското Езеро.
Како што информираше ОВР Дебар, околу два метри од брегот на езерото, во близина на пумпната станица било пријавено за пронајдено тело во водите на езерото.
На местото веднаш пристигнале полициски екипи и јавен обвинител, кој наредил да се изврши увид и дополнителна истрага. Присутниот лекар од Општата болница во Дебар ја констатирал смртта, при што не биле пронајдени видливи траги на насилство.
По наредба на јавниот обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
Од ОВР Дебар велат дека сите околности поврзани со случајот се предмет на натамошна истрага, а јавноста ќе биде информирана по добивањето на резултатите од обдукцијата.
Црна хроника
1624 семки канабис одземени од велешанец при претрес на неговиот дом, полицијата го уапси

Полицајци од одделот за недозволена трговија со дрога го уапси 41-годишниот (Т.Б.) од Велес. По издадена судска наредба тие при претрес во неговиот дом пронајдоа и му одзедоа кафена прашкаста материја, 1624 семки канабис и остатоци од зелена растителна материја, извести полицијста
(Т.Б.) е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Полицијата уапси 15-годишник во Скопје, насила одзел пари на 44- годишен маж

Вчеравечер полицијата уапси 15-годишен малолетник од Скопје по претходна пријава дека во скопски Центар насила одзел пари од 44-годишен маж.
Оштетениот пријавил во полиција која, пак, за кусо време го пронашла и го уапсила малолетникот. Од МВР најавија соодветна пријава по целосно документирање на случајот.