Црна хроника
Нема политички мотиви за убиството на македонскиот пекар во Војводина
Убиството на Слободан Стојановски од малото војводинско место Бечег, сопственик на пекарницата „Слобода“, не е политички мотивирано, ниту е поврзано со инцидентите од фудбалскиот натпревар Србија – Албанија, по кои изминатите денови на територијата на северната српска покраина војводина беа нападнати пекарници во сопственост на Албанци, изјавиле во саботата полициски извори за новосадскиот весник Дневник.
Според директорот на полицијата, Милорад Вељовиќ, уапсени се повеќе лица, меѓу кои е и убиецот на Стојановски. Полицијата ветила дека повеќе информации за идентитетот на убиецот кој бил уапсен во саботата наутро ќе соопшти подоцна во текот на денот, откако ќе заврши неговото сослушување.
Слободан Стојановски со прекар Кица,чие безживотно тело до смрт избодено со нож било откриено во куќата, целиот живот работел и живеел споменатото село во близина на Нови Сад во ова село. Бил познат како мирен човек за чиишто прочуени лепињи во четврток и петок навечер се стоело во ред, пишува Дневник.
Според соседите, живеел сам и не бил женет, а работел колку што му било доволно во пекарницата која била во рамките на семејната куќа./крај/мф/сн
Извор: Дневник
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

