Црна хроника
Тројца охриѓани пријавени за крадење дрва
Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Пустошење на шума“ и „Кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против лицата М.С. (23), Ш.А. (24) и Е.С. (36) сите од струшкото село Лабуништа.
Пријавените, на 11-ти овој месец кај местото „Голем равен“ атар на Лабуништа, од страна на полициските службеници од полициската станица за граничен надзор Лабуништа биле затекнати во вршење нелегален транспорт на дрва со 11 коњи на кои биле натоварени по 1,7 кубни метри нежигирано огревно буково дрво, една секира и една моторна пила. Заедно со нив, во нелегалниот транспорт со коњи учествувале и две малолетни лица.
На местото на настанот, во присуство на шумски полицаец извршен е увид при што е утврдено дека во државна шума исечени се околу 300 стебла букови дрва со пречник 25 сантиметри и 15 метри височина. Од нив, мал дел биле обработени за огрев, додека поголема количина бесправно исечени дрва биле соборени. На местото се затекнати околу 50 просторни метри буково дрво.
По добиена судска наредба, тим од полициски службеници и шумска полиција извршија претрес во домовите и другите простории кај пријавените како и во домовите на родителите на малолетните лица. Притоа, пронајдени се околу 9 метри просторни бесправно исечени огревни дрва кои со записник се предадени на претставник на јавното шумско претпријатие „Јабланица“ од Струга./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.