Црна хроника
Приведен ограбувачот на аптеки во Карпош
Приведен и против него е поднесена кривична пријава 33-годишен скопјанец осомничен дека е извршител на најмалку три грабежа во аптеки во централното гратско подрачје, информираше во саботата Секторот за внатрешни работи Скопје.
Единицата за општ криминал – Одделение за имотни деликти со елементи на насилство до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје со кривична пријава гo предаде лицeто Ѓ.Љ. (33) од Скопје поради основано сомнение дека извршил четири кривични дела „разбојништво“ при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 35.400 денари.
Кривичните дела пријавениот ги извршил во периодот од август до средината на октомври, во попладневните часови, и тоа во три наврата на подрачјето на скопската општина Карпош, од кои двапати во аптека „Алпи Фарм“ и еднаш во аптека „Зегин, и еднаш на територијата на општината Центар, во колонијална продавница „Тед Доол“.
Пријавениот делата ги извршувал на маскиран со бејзбол капа и качулка, заканувајќи се со нож и дека носи пиштол, земајќи од вработените пари од дневниот промет и нивните мобилни телефони, по што одземените парите ги користел за купување на метадон, додека, пак, одземените мобилни телефони се пронајдени при претрес во неговиот дом.
Истовремено при претресот во неговиот дом е пронајдена бејзбол капата, којашто ја носел при извршувањето на кривичните дела. По приведувањето на осомничениот во просториите на полициската станица „Карпош“, во присуство на Јавен обвинител извршено е лично препознавање, така што оштетените со сигурност го посочиле како сторител на разбојништвата.
Инаку, во изминатиот период против ова лица биле поднесени кривични пријави за сторени кривични дела „разбојничка кражба “, „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“.
Од страна на Судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.