Црна хроника
Новороденче пронајдено во канализација во Сиднеј
Група велосипедисти пронашла во неделата новородено момченце во канализациски одвод во австралиски Сиднеј, соопшти полицијата којашто ја пронашла младата мајката и врши истрага како бебето завршило во канализацијата.
пронашла младата мајката и врши истрага како бебето завршило во канализацијата.
Велосипедистите возеле по велосипедска патека крај брз автопат во Сиднеј рано наутро во неделата кога слушнале плач на бебе. Откако откриле од каде доаѓа плачењето ја подигнале тешката решетка на патот и на длабочина од 2,5 метри го пронашле бебето.
Повикале полиција којашто го извадила бебето од канализацискиот одвод.
Неколкудневното новороденче минало без видливи повреди, но неухрането. Хоспитализирано е во болница во Сиднеј, од каде лекарите велат дека бебето е во сериозна но стабилна состојба, пренесува Associated Press.
Преку испитувањата на болничките досиеја утврден е идентитетот на 20-годишната мајка којашто во неделата е приведена на испитување.
Еден од полицајците коишто учествувале во вадењето на бебето од канализацијата изјави за медиумите дека „сите го очекувавме најлошото, но бебето беше живо“. Додал дека засега не успеале да утврдат колку дена момченцето ја минувало агонијата, но истакнал дека цела среќа е што деновиве во Сиднеј немало дожд, па одводот бил сув./крај/мф/сн
Извор: Associated Press
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.