Црна хроника
Шест лица повредени во две сообраќајки во Тетово
Шест лица се повредени во две сообраќајни несреќи што се случиле во сабота вечер во Тетово.
Првата сообраќајка се случила околу половина час по полноќ на регионалниот пат Пирок-Тетово, во близина на село Горно Палчиште, а во неа се повредени четири лица.
Несреќата се случила поради брзо возење. Дваесет и осумгодишниот возач со автомобил „голф“ излетал од патот и удрил во бетонски столб. Покрај него, повредени се тројца сопатници, од кои едниот е задржан во болница со тешки телесни повреди на главата и телото. Во несреќата е предизвикана материјална штета од околу 130.000 денари.
Втората сообраќајка се случила околу 3,30 часот на ул. „Љубо Божиновски Пиш“ кога 23-годишен возач изгубил контрола над автомобилот „фиат пунто“ поради пребрзо возење при што удрил во бетонски ѕид. Возачот поминал со полесни повреди, додека неговата 23-годишна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена на клиника во Скопје. Во несреќата е причинета материјална штета од 60.000 денари.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.