Црна хроника
Oбвинение за 22-годишник за обид за убиство
Скопското Обвинителство поднесе обвинение против 22-годишно лице од село Буковиќ, кое се обидело да изврши кривично дело убиство на миг.
Обвинетиот на 30 август, на автобуска станица на влезот на селото Арнакија, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад, се обидел да лиши од живот едно лице.
„Имено, обвинетиот и едно лице сведок со автомобил застанале на автобуската станица, при што настанала расправија меѓу нив и лицето што стоело на станицата. Тоа лице го повикало оштетениот и му се пожалило дека сакаат да го убијат. Со намера да ги спречи да се пресметаат, оштетениот со палка го удрил обвинетиот во пределот на главата и му нанел раздерно-нагмечна повреда. Повредата кај обвинетото лице генерирала силен афект на страв и краткотрајна промена на свеста и на перцепциите, па тој реагирал импулсивно нагонски. Притоа, од огнено оружје – пиштол во калибар 6,35 мм, кој го носел со себе, испукал кон оштетениот трипати нанесуваjќи му три прострелни рани. Оштетениот почнал да бега по што обвинетиот уште неколкупати пукал кон него, но не го погодил“, информираат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот ценејќи дека постои опасност од бегство. Притоа обвинителот ги имаше предвид видот, карактерот и тежината на кривичното дело, начинот на извршување и последиците, висината на казната, како и фактот што обвинетиот по сторување на кривичното дело неколку месеци им бил недостапен на органите на прогонот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП
Вчера во 17.15 часот во СВР Скопје, С.Б.(60) од Скопје пријавила дека околу 10.20 часот на автобуска постојка на Транспортен центар-Скопје била физички нападната од едно лице – возач на автобус на ЈСП.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Импровизиран кревет и забоден кујнски нож нашла Кацарска пред гаражата – заканите се пријвени во МВР
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, пријавила во МВР дека добила закани за својот живот.
Од полицијата информираа дека случајот бил пријавен во текот на вчерашниот ден.
„Од страна на Д. К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, пред нејзиното гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож, кој бил забоден на прекинувачот за светло“, велат од МВР.
За случајот известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината 82-годишна жена од Аргентина
82-годишна жена била пронајдена почината во Охрид, соопшти полицијата.
Имено, на 14.5.2024, во 7.15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во соба во хотел во Охрид, каде што престојувала, била пронајдена почината Р. В. Б. (82) од Аргентина.
Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Надлежните извршиле увид.