Црна хроника
Обвинение против гинеколог од Прилеп за смртта на родилката
Прилепското обвинителство поднесе обвинение против лекар специјалист гинеколог- акушер Г.О. во Општа болница „Борка Талески” Прилеп за смртта на родилката од прилепското село Беровци.
Жената почина на 18 февруари оваа година. Според обвинението, гинекологот постапувал несовесно при породувањето на родилката.„При приемот во одделението, осомничениот не презел соодветни дејствија и навремено не интервенирал при породувањето и во периодот по породувањето. Како резултат на ненавремено преземање на соодветни дејствија здравствената состојба кај сега починатата нагло почнала да се влошува заради големото губење на крв, па осомничениот решил да преземе оперативен зафат кој бил безуспешен и не можело да се спречи понатамошното крварење“, соопштуваат од Обвинителството.И покај тоа што лекарите анестезиолози ги презеле сите дејствија во рамки и во согласност со протоколите и објективната здравствена состојба, пациентката починала како резултат на хеморагичен шок настанат заради обилното крварење.Жената роди машко дете кое остана живо./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена тврди дека поранешниот партнер ја натерал да земе кредити за него, а потоа не ги плаќал ратите и ѝ се заканувал, полицијата во Охрид постапува
Во Охрид, полицијата спровела службен разговор со 40-годишен маж од Гевгелија, по пријава на неговата поранешна 47-годишна партнерка, која тврди дека тој се однесувал агресивно кон неа и ѝ упатувал закани.
Жената во пријавата навела и дека поранешниот партнер ја измамил, убедувајќи ја да земе кредити на нејзино име за него, а потоа одбивал да ги плаќа ратите.
Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против мажот.
Црна хроника
Млади лица приведени во Аеродром и Центар оти се однесувале агресивно со полицајци
Полицијата во Скопје во неделата (9 ноември) привела две лица кои агресивно се однесувале кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија.
На подрачјето на општина Аеродром, бил приведен Ф.Ц. (28) од Скопје, а во Центар, полициските службеници го привеле и А.М. (24) од Скопје, поради истата причина.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на двата случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
Скопјанка пријавила напад и закана со оружје, нејзиниот партнер тврди дека таа фрлала предмети кон него
Партнери од Скопје меѓусебно се пријавиле за напад и закани.
Прво, во неделата (9 ноември) околу 12:30 часот, 38-годишна жена пријавила во полиција дека нејзиниот 45-годишен партнер претходната ноќ, околу 00:30 часот, во неговиот дом во скопско ја нападнал со тврд предмет и ѝ се заканувал со огнено оружје.
Неколку часа подоцна, околу 15:50 часот, истиот маж се појавил во полициската станица и поднел пријава против својата партнерка, тврдејќи дека и тој бил нападнат, при што таа фрлала предмети кон него и оштетила дел од покуќнината.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

