Црна хроника
Обвинителството апелира да не се шпекулира за смртта на девојката во Аеродром
Основното јавно обвинителство – Скопје ги прибира информациите за расветлување на смртта на девојката во Аеродром, која почина откако падна од висококатница и апелира да не се шпекулира со податоци околу настанот.
Информираат дека очекуваат МВР да им ги достави комплетните податоци од спроведените полициски истраги и прибраните известувања од сите граѓани кои имале сознанија за овој настан, а со кои претходниот ден беше извршен информативен разговор, како и од оние разговори кои дополнително ќе бидат спроведени во МВР во делот на предистражната постапка.
Биле обезбедени материјални траги и од такси возилото во кое била покојната ноќта пред нејзината смрт, кои по дадена наредба на ОЈО Скопје ќе бидат предмет на обработка од Одделот за криминалистичка техника при МВР со цел утврдување на траги со идентификационо значење – ДНК. Овој чекор е преземен во насока на откривање и обезбедување на материјални докази за постоење на евентуално кривичното дело и обезбедување траги кои потекнуваат од предметниот настан, а кои ќе може да се користат како материјални докази во текот на постапката.
Исто така, се очекуваат комплетните резултати од Институтот на судска медицина и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет кои постапуваат по дадени наредби од страна на ОЈО Скопје.
По прибирање на сите потребни известувања доколку за настанот се утврди постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело, ОЈО Скопје ќе ги преземе сите други потребни истражни дејствија заради разјаснување на целиот настан, со цел утврдување на сите околности и обезбедување на докази во кривичната постапка.
Во интерес на водење на предистражната постапка во овој предмет, потребно е во јавноста да не се изнесуваат непроверени наводи и шпекулации од која било страна, а ОЈО Скопје по утврдувањето на нови релеванти околности, ќе ја информира дополнително јавноста до оној степен до кој тоа го дозволува принципот на тајност на предистражната постапка.
Инаку, дваесетгодишната девојка, загина откако се фрли од својот стан во зграда во Аеродром./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

