Црна хроника
Обвинителството бара повисока затворска казна за убиството на малата Мевљана
Јавното обвинителство поднесе жалба на пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје и бара повисока затворска казна за невенчаните сопружници кои се осудени дека до смрт ја претепаа малата Мевљана на 21-ти март минатата година.
Сопружниците Џемаил Браими и Јасмина Махмуд на 27-ми март годинава беа осудени на по 20 години затвор за убиството на тригодишното девојче, но јавниот обвинител во овој случај смета дека изречената казна е недоволна.„Обвинителството незадоволно од Пресудата поднесе жалба сметајќи дека изречената казна е недоволна за вакво кривично дело дотолку повеќе што во случајот доминираат отежнителните околности, бидејќи се посегнува по живот на тригодишно девојче, како и отсуството на покајување на обвинетите во текот на процесот. Кривично правниот настан согледан во целина со сите околности кон него, според надлежниот јавен обвинител, заслужуваат преиспитување од страна на повисок суд“ , соопштуваат од Основното јавно обвинителство Скопје.Обвинителот во овој случај, Дарко Јакимовски, во завршните зборови побара да се казнат двајцата сопружници, бидејќи како што рече, заштитата на детето е највисоко на пиедесталот во секое современо општество и никој нема право независно дали за тоа постои причина да посегнува по животот на детето.Обвинетите пак, до последното рочиште тврдеа дека не го убиле девојчето, туку дека се случил несреќен случај.Според обвинението, двајцата сопружници ја чувале Мевљана и нејзиното братче додека мајка им била на работа.Невенчаните сопружници ја претепале малата Мевљана оти се измокрила на килимот. Вештачењето покажало дека девојчето било тепано со тупаници, клоци, притискање со нога, а на вратот имало и знаци на давање.Нејзината мајка побара обвинетите да бидат во затвор додека се живи./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

