Црна хроника
Обвинителството ја истражува сообраќајката на Плетвар
Обвинителството ја истражува сообраќајката што се случи во неделата вечерта на планинскиот превој Плетвар, на патот Градско – Прилеп, во која што загинаа тригодишно девојче и дваесет и тригодишен жител на прилепското село Голем Радобил.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на местото на настанот и издал наредби за анализа на крв на учесниците во сообраќајната незгода, наредба за вонреден технички преглед и наредба за обдукција на починатите лица за утврдување на причините на смртта.Според информациите од обвинителството, автомобилот „волксваген шаран“, со коешто управувал четириесет и осумгодишен жител од скопското село Драчево, се судрило со комбе „пежо експорт“ со бугарски регистерски таблици, со коешто управувал дваесет и тригодишниот Горан Ц. од Радобил.Од силината на ударот на лице место починале возачот на пежото и тригодишно девојче сопатник во возилото „волксваген шаран“.Тешко повредена е педесет и деветгодишна жена, а со телесни повреди се здобила триесет и двегодишна жена и две деца на возраст од една и седум години, кои се возеле во „волксваген шаран“.Во сообраќајката учествувал и камион „МАН“ со битолски регистерски ознаки и најверојатно возилата се судриле при претекнување на камионот./крај/мф/ффс
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

