Црна хроника
Обвинителството сослушува осомничени и сведоци за инцидентот во „Диво насеље“

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во тек е сослушување на осомничените и сведоците за вооружената пресметка што се случи на 9 мај во кумановската населба „Диво насеље“.
Оттаму соопштуваат дека заврши и постапката за идентификација на осомничените која ја спроведувале преку меѓународна правна помош.„Преку меѓународна правна помош е започната и процедурата за екстрадиција на едно од осомничените лица, како и постапка за собирање на докази во предметот. Прибавено е криминалистичко – техничко вештачење на предметите и трагите прибрани од лице место по извршениот увид. Надлежното обвинителство продолжува континуирано со преземање на дејствија и мерки со цел утврдување на факти во предметот и на кривичната одговорност на сторителите“, се вели во соопштението од Обвинителството.На 9 мај македонската полиција се судир со вооружена група во кумановската нселба „Диво насеље“. Борбите траеа два дена, а загинаа осуммина полицајци и десетмина припадници на вооружената група./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 18-годишен скопјанец, при претрес во домот пронајдена дрога

Полицијата вчера вечер, на подрачјето на општина Аеродром, го уапси Х.В.(18) од Скопје.
Според информациите на МВР, при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприц исполнет со течност.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.