Црна хроника
Од Косово екстрадиран скопјанец соработник на ИД
Косовската полиција екстрадира скопјанец баран со меѓународна потерница поради сомнение дека учествувал во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации, а како дел од оперативната акција „Ќелија“ во отсуство му беше изречена мерка притвор.
Откако одделението НЦБ Интерпол Скопје при МВР, во среда било информирано од страна на косовската полиција дека во Косово е приведено лице кое се бара по меѓународна потерница поради сомение за сторено кривично дело “учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“, веднаш исконтактирале и потврдено е дека станува збор за лицето Б.Б. (40) од Скопје кој се бара со меѓународна потерница во врска со оперативната акција „Ќелија“ по којашто истиот беше опфатен со кривичната пријава поднесена во август годинава против 36 лица од Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга поради што од надлежниот суд во отсуство му беше изречена мерка притвор. Тој се товари дека учествувал во групата вршејќи разни акивности како индоктринација, логистика и помагање при испраќањето на македонски државјани да се борат на страната на ИСИС. Б.Б. и претходнио и е познат на полицијата и во неколку наврати е кривично пријавуван. Инаку, како што МВР претходно информираше, оперативната акција “Ќелија“ беше реализиран на почетокот на август годинава (06.08.) како резултат на повеќемесечна координирана истрага во која беа собрани докази за лица кои учествувале во паравоени формации, во собирање финасиски и други логистички средства за потребите на паравоени формации, како за врбување и поттикнување на лица да се приклучат во паравоени формации. Исто така беа собрани и докази и за сокривање на лица кои веќе учествувале во паравоени формации надвор од територијата на РМ или пак оствариле обид за тоа. Во рамки на акцијата беа извршени 28 претреси во Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга, беа запленети поголема количина технички средства (копјутери, лап-топи, таблети, мобилни телефони, и друго)./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.