Црна хроника
Одреден притвор од 30 дена и куќен притвор за осомничените од „Молња“
Двајца се во куќен притвор, а на петмина уапсени во полициската акција „Молња“ им е одреден притвор од 30 дена.
Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, пред судија на претходна постапка, беа спроведени седум лица, осомничени за кривичните дела „Терористичка организација“ и „Тероризам“, а еден и за кривичното дело „Недозволено изработување, држење и тргување со распрскувачки материи“, при што судија на претходна постапка им одреди мерка притвор.Имено, судијата на претходна постапка по разгледување на фактите и доказите приложени во предлогот на обвинителството за определување мерки за обезбедување и сослушување на приведените, утврди дека се исполнети условите што произлегуваат од одредбите од Законот за кривична постапка и донесе решени со кое на пет лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а на две лица мерка куќен притвор, се вели во сооптението на основниот суд Скопје I.Во полициската акција „Молња“ во четвртокот, беа уапсени седум лица, кои се сомничат дека помагале на вооружената група која изврши напади во кумановската Дива населба, при што загинаа осум припадници на полицијата и десет припадници на вооружената група./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.