Црна хроника
Ограбен автомобил со косовски таблици во Скопје
Непознат сторител ограбил автомобил „тојота лeндкрузер“ со косовски регистерски ознаки на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје.
Кражбата се случила во неделата, а крадецот украл лични и службени документи, мобилен телефон и лична гардероба во вредност од 30.000 денари. Се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со возило удрен пешак во Струшко, со тешки повреди пренесен на клиника
Денеска во 01.50 часот, во полициската станица Струга пријавено е дека на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од О.Н.(32) од с.Драслајца, струшко, удрило во пешакот Б.Т.(36) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Приведен криминалец баран по потерница
Вчера во 06.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле М.А.(34) од село Корешница, демиркаписко, кој бил баран по потерница врз основа на наредба на Основен суд Неготино за издржување казна затвор од една година, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
М.А. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.
Црна хроника
Подигнал пари од банка со полномошно од сметка на починато лице, поднесена кривична пријава
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Х.(61) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, од девизна сметка на починато лице, на кое бил полномошник, во два наврати извадил парични средства во вредност од 18.550 американски долари и 11.750 евра и покрај тоа што знаел дека со смртта е прекинато и полномошното.