Црна хроника
Ограбен стан на неподвижна старица

Непознат крадец, влегол во стан во Скопје, каде живеела неподвижна старица и украл 150.000 денари и 1.250 долари.
Имено, во средата, во периодот од 1.30 до 12 часот во Скопје во стан на улицата „Стокхолмска“, сопственост на Љ.С. (78), непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот се качил на балконот, го скршил прозорецот, влегол во станот, извршил пребарување и во спалната соба пронашол ковчег, кој насилно го отворил и од него одзел 150.000 денари и 1.250 американски долари. По тоа сторителот незабележан од никого го напуштил местото на настанот. Кога сторителот влегол во станот била присутна и оштетената Љ.А., која лежела во креветот неподвижна и некомуникативна како последица на мозочен удар и скршеница на ногата. Увид на местото на настанот, во присуство на синот на оштетената, извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.