Црна хроника
Ограбена бензинска на „Лукоил“ на патот Куманово-Скопје

Маскиран и вооружен крадец со пиштол ја ограбил бензинската пумпа на „Лукоил“ на автопатот Куманово-Скопје.
Грабежот се случил утрoво околу 4 часот кога крадецот им се заканил на двајцата вработени во бензинската и украл околу 7.500 денари по што избегал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Хаос во хотел во Лазарополе: скопјанец фрлал предмети и нападнал сограѓанин

Дваесет и деветгодишен скопјанец, К.Ж. е приведен по инцидент што се случил синоќа во хотел во Лазарополе.
Според информациите од полицијата, тој фрлал разни предмети кон хотелот, оштетувајќи прозор, а потоа физички и со остар предмет го нападнал С.Р.(26) од Скопје.
По проверките било констатирано дека се барал за издржување казна затвор во Шуто Оризари за сторено кривично дело за самовластие.
По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична за началник од Кисела Вода, при претрес најдени муниција и солзавци

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Д. од Скопје, началник на Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода, поради сомнежи за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
При негов личен и претрес во службени простории на МВР, каде што извршува службени задачи, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени муниција и солзавец за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Одделот за внатрешна контрола против С.Д. поднесе и предлог за покренување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на постапката.
Црна хроника
Двајца скопјани најдени починати во своите домови, телата на обдукција

Педесет и двегодишен маж и 77-годишна жена во текот на вчерашниот ден биле најдени починати во своите домови во Карпош и Кисела Вода.
За првиот случај, МВР соопшти дека вчера на пладне во домот во Каропош пронајден е И П.(52) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
Околу осум часа подоцна, во домот во Кисел Вода, најдена е почината К.Ч.(77) од Скопје која живеела како потстанар. И кај неа, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.