Црна хроника
Ограбени две скопски цркви
Во саботата во два одделни инциденти биле ограбени две скопски цркви, соопштуваат од МВР.
Во саботата во два одделни инциденти биле ограбени две скопски цркви, соопштуваат од МВР.
Имено, саботата во полициската станица „Аеродром“, 65-годишниот П.Б. од Скопје, пријавил дека на петокот во периодот од 17 до 7 часот, во црквата Св.Ѓорѓија, непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно ја отворил влезната врата од црквата, влегол внатре и од шкафче, кое се користи како каса за собирање на доброволни прилози, одзел околу 20 илјади денари.
Истиот ден во полициската станица „Гази Баба“, пак, 69-годишниот Д.К. од село Петровец, пријавил дека во периодот од 22-ри до 26-ти месецов, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ лоцирана на м.в.„Чукар“ во атарот на село Горно Коњари, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба на тој начин што насилно делувал на влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување и одзел 7 илјади денари, а потоа го напуштил лице местото. ОД МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите на двата чина./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.