Црна хроника
Охриѓанка плаќала со фалсификувани пари
Охриѓанка купувала во продавници, во ноќен клуб, во бурекџилница со фалсификувани пари.
Дваесетгодишната девојка купувала низ Охрид со четири лажни банкноти од по петстотини денари со исти сериски број. Две фалсификувани банкноти од по 500 денари пуштила во промет во продавница во населбата Пештани, а по една во продавница, ноќен клуб и бурекџилница во Охрид.На 14 мај околу 21 часот, девојката од вработениот во продавницата во Пештани побарала двете банкноти од по 500 денари да и бидат заменети за една банкнота од 1000 денари. Продавачот ја услужил, но подоцна забележал дека двете банкноти од 500 денари имаат сомнителен квалитет и дека имаат исти сериски број. Фалсификуваните пари се одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. против нејзе е поднесена кривична пријава за фалсификување пари.СВР Охрид презема дополнителни мерки за утврдување на можна соработка на пријавената со други лица кои изработуваат лажни пари со намера да ги пуштат во оптек како вистински./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

