Црна хроника
ОЈО Велес продолжува со истрагата за железничката несреќа во која беа прегазени 14 имигранти
Основното јавно обвинителство Велес продолжува со истрагата за настанатата железничка несреќа на железничката пруга Велес – Скопје, во која во четвртокот вечер околу 22:30 часот загинаа 14 имигранти.
Имено, според зборовите на машиновозачот на патничкиот експресен воз бр.334 кој сообраќа на релација Гевгелија-Белград движејќи се во правец кон Скопје по изминувањето на железничката станица Рајко Жинзифов на околу 50-100 м пред возот, забележале поголема група, која броела повеќе десетици лица, како стои или оди по пругата.
Во тој момент машиновозачот започнал со интензивно сопирање на возот и вклучил звучен сигнал при што дел од лицата кои се наоѓале на пругата избегале, додека, пак, дел од нив останале и поради неможноста на толку кусо растојание возот да сопре, удрил во истите при што дел од нив се прегазени. На растојание од околу 100-150 м од ударот возот запрел и веќе е онеспособен за натамошно движење поради оштетувањата настанати од несреќата.
Од страна на Основниот јавен обвинител во Велес заедно со увидна екипа на СВР Велес и медицински лица од Амбулантата за Брза помош во Велес е излезено на лице место и е извршен увид, при што е констатирано дека на пругата се усмртени 14 лица. Повредени лица не се затекнати на местото на настанот.
Од првичните сознанија добиени од групата од околу 10-ина лица кои од непристапниот околен шумски терен се приближиле до пругата при вршењето на увидот, добиени се сознанија дека се работи за мигранти од Сомалија и од Авганистан кои се движеле по пругата во група и во моментот кога го слушнале звучниот сигнал тие успеале да го избегнат ударот на возот скокајќи од пругата во околниот простор. /крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.