Црна хроника
Оружје и дрога пронајдени во дом на познат криминалец
Полицијата пронајде големо количество на оружје и дрога при претрес на домот на познат криминалец од скопското село Рашче.
Пронајдени биле една автоматска пушка, три празни рамки за автоматска пушка, кундак, два автоматски пиштола марка „Шкорпион“, две мали празни рамки за „Шкорпион“, голема рамка со 14 куршуми за пиштол „Шкорпион“, голема рамка за пиштол „Шкорпион“ со 11 куршуми калибар 7,65 мм.,пиштол марка “Том Фолион“ калибар 9 мм. и 11 куршуми со рамка за истиот, револвер марка „Амадео Росиса“, 32 куршуми калибар 9х99 мм., 19 куршуми калибар 38 Специјал, два сигнални пиштола, една воздушна пушка како и 17 полиетиленски пакувања со прашкаста материја ,најверојатно кокаин. Исто така најдени се две полиетиленски пакувања со непозната прашкаста материја, дигитална вага, три скутери и еден мотоцикл.Четириесет и шестгодишниот криминалец е сторител на повеќе кривични дела, „грабнување“, „фалсификување на исправа“, „тешка кражба“, “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ за коишто му се изрекувани и затворски казни. По целосно расчистување на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

