Црна хроника
Ослободен еден од уапсените по инцидентите во „Дива населба“
Ослободен е Африм Сулејмани, полицаец кој беше уапсен по инцидентите што се случија во кумановската „Дива населба“ на 9 и 10 мај.
Од основниот суд Скопје 1 информираат дека донеле решение со кое му ја укинале мерката притвор на Сулејмани и го пуштиле на слобода откако претходно Основното јавно обвинителство за организиран криминал ги известиле дека донеле наредба за запирање на истражната постaпка против него поради немање на доволно докази.Сулејмани беше уапсен под соменение дека им бил логистичка поддршка на вооружената група која два дена водеше борби со македонскат полиција, јавува Алсат-М. Во престрелките загинаа осум припадници на македонската полиција, десет припадници на вооружената група, а потоа беа упасени околу 30-тина лица под сомнение дека се дел од вооружената група./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.