Црна хроника
Осомничен за двојното убиство во хотел „Император“ екстрадиран од Албанија
Осомничен за двојното убиство во Охрид коешто се случи во хотелот „Император“, во понеделникот бил екстрадиран од Албанија каде што се наоѓал во екстрадиционен притвор од февруари оваа година кога беше уапен.
Триесет иедногодишниот охриѓанец бил преземен во понеделникот од албанските власти на граничниот премин „Ќафасан“ и спроведен во Истражниот затвор во Скопје. Охриѓанецот е осомничен дека на 21-ви август минатата година убил двајца сограѓани на летната тераса во хотелот „Император“ којшто се наоѓа на улица „15-ти корупс“ во Охрид.Во пукањето беа повредени педесет ишестгодишниот Васил Р. и триесет иосумгодишниот Ромео Ѓ., кои со итна медицинска помош беа однесени во Општата болница во Охрид, каде им подлегнаа на повредите.Осомничениот и еден од убиените, Ромео, почнале да се расправаат и да се туркаат, по што осомничениот извадил пиштол, за којшто немал дозвола, и испукал еден куршум кон Ромео и го погодил во рамото.Повредениот се обидел да избега кон рецепцијата на хотелот, но бил погоден со уште два куршума. Во близина на рецепцијата, осомничениот бил пресретна од другиот сега убиен, Васил, во кого испукал еден куршум во градниот кош.Осомничениот заедно со неговиот пријател со кого биле во хотелот, веднаш избегале со автомобил. На пресекот на улиците „7-ми Ноември“ и „Васил Главинов“ осомничениот излегол од возилото и избегал. Неговиот пријател веднаш по убиството беше приведен и против него беше поднесена кривична пријава, а против сега екстрадираниот, беше распишана меѓународна потерница./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

