Црна хроника
Осомничените за тероризам што се предадоа на полицијата ќе бидат изведени пред судија
Дваесетте терористи кои во саботата се предадоа на македонските безбедносни сили во Куманово, во недела треба да бидат изведени пред судија на претходна постапка.
Полициски возила, како што јави Канал 5 веќе пристигаат пред судот.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во сабота вечер на прес конференција соопшти дека на полицијата и се предала група со над 22 лица, кои биле стационирани во кумановската Дива населба. Та додаде дека со нив ќе биде извршен информативен разговори и дека ќе им биде земена парафинска ракавица. /крај/к5/мф
Извор: Канал 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот
Ноќеска, околу еден часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит Пазар, во сопственост на маж кој моментално живее во Италија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што наведуваат од МВР, сопственикот на куќата, идентификуван како Е.Р., набргу по инцидентот добил порака со закана во која му било соопштено дека во неговото возило е поставена бомба. По пријавата, полициски службеници излегле на местото и при извршен преглед кај неговиот автомобил „Фиат“ со скопски регистарски ознаки пронашле рачна бомба М75, прицврстена со жица на рачката од возачката врата.
Дополнително, при преглед на друго возило „Фиат“ со италијански регистарски ознаки, сопственост на неговиот брат А.Е., кој исто така живее и работи во Италија, во багажникот била пронајдена кутија со 100 куршуми калибар 7,62 милиметри за автоматско оружје.
Полициски екипи ја обезбедиле локацијата, а бомбата е безбедно отстранета. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Лишена од слобода 35-годишна кумановка: возела „бмв“ со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената
Вчера во 14:50 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ја лишија од слобода 35-годишната И.А. од Куманово.
При контрола на патниот сообраќај со радар констатирано е дека И.А. управувала патничко возило „бмв“ со брзина од 92 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, уапсени две лица
Вчера во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишија од слобода 30-годишниот Д.Т. од Свети Николе и 25-годишната А.П. од село Горобинци, светиниколско.
При претрес во домот на Д.Т., извршен со судска наредба, затекната е А.П. како заедно со него користи дрога, пронајдени и одземени се неколку пакувања со прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

