Црна хроника
Откриен хероин во туристички автобус на ГП Богородица
Околу 236 грама хероин во среда биле пронајдени кај патник во туристички автобус кој сообраќа на линијата Скопје-Истанбул, на граничниот премин Богородица, соопшти МВР.
Имено, денеска во раните утрински часови на ГП Богородица за влез во Македонија се пријавил автобус сопственост на туристичка агенција кој сообраќал на редовна автобуска линија Скопје- Истанбул. При претрес над патникот А.Б. (46) од Скопје, во елекот што го носел на себе во внатрешниот дел, под потставата, било пронајдено пришиено долгнавесто пакување исполнето со хероин.
Според документираните сознанија од истрагата А.Б. пред неколку дена заминал за Турција со цел да набави дрога за потребите на домашниот нарко пазар при што откако го набавил хероинот од непознато лице од Турција за непозната цена истиот се обидел да го внесе во Македонија заради натамошна препродажба.
Запленетиот хероин при продажба на домашниот нарко пазар на мало би достигнал цена од 15.000 евра, велат од МВР.
Во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава против А.Б. поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Лицето е лишено од слобода и истото во текот на денот ќе биде изнесено пред суд.
Инаку со овој случај којшто е реализиран во рамки на пошироката оперативна акција „Мрежа“ насочена за сузбивање на недозволената трговија со дроги досега кривично пријавени се околу 140 лица, а запленети се приближно 515 килограми разни видови дроги.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

