Црна хроника
Откриен крадец кој украл повеќе од 1.000 евра од стан
Откриен крадец кој во декември минатата година извршил кражба во стан на улица „Борис Крајгер“ во Штип, соопшти МВР.
Полицијата соопшти дека за кражбата осомничен е дваесет и осумгодишен штипјанец против кого ќе биде поднесена кривична пријава. Кражбата се случи на 19 декември, кога крадецот влегов преку влезната врата на станот, којашто не била заклучена и украл 68.000 денари./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нова сообраќајна несреќа во Скопје: прегазен пешак, возачот избегал
Додека траеше протестот поради смртта на 22-годишната Фросина Кулакова која беше прегазена на булевар „Партизански одреди“, во 13:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје автомобил „Ситроен“ удрил во маж и веднаш потоа избегал од местото.
„Повредениот пешак е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Полициски службеници од СВР Скопје преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на настанот“, информираат од МВР.
Црна хроника
Работник од Неготино бил удрен од вилушкар во фабрика, тешко е повреден
Во полицијата во Неготино било пријавено дека во кругот на фабрика во село Дуброво, неготинско, со вилушкар, управуван од З.Б.(51) од Неготино, бил удрен вработениот Б.И.(26).
Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.
Извршен е увид.
Црна хроника
Тешко повредено 17-годишно дете во напад на автобуска постојка во Центар
Синоќа од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 17-годишник од скопско.
Според пријавеното, на автобуска постојка на подрачјето на Центар тој бил физички нападнат од неколку лица, објави МВР во дневниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.