Црна хроника
Откриени 30 илегални мигранти
Откриени се вкупно 30 илегални миграни во четири одвоени случаи и поднесени се кривични пријави против седум лица за кривичното дело криумчарење на мигранти, соопшти полицијата.
Во првиот случај мигрантите се откриени пред три дена при вршење на редовна патролна служба на локалниот пат Куманово – Лојане, поточно пред село Ваксинце. Полицајците при преглед на автомобил марка „Фиат Мареа“ со кумановски регистарски ознаки, биле открини тројца илегални мигранти од Сирија без документи и идентификација. Поднесена е кривична пријава против возачот на автомобилот од Ваксинце.
Во вториот случај германски државјани се обиделе да прошверцуваат двајца мигранти од Ирак. На 21 декемри на граничниот премин Богородица при влез во Македонија во автомобил „пежо“ при извршена контрола во специјално направен простор (бункер) во просторот помеѓу задната клупа и багажникот на возилото откриени се двајца државјани на Ирак.
Во третиот случај двајца македонски државјани на 21 декември на локалниот пат село Марвинци–село Грчиште прифатиле и превезувале вкупно 18 нелегални мигранти од Авганистан од кои осум малолетници со намера да ги превезат до Куманово.
Во четвртиот случај поднесена е кривина пријава против албански државјани. На 22 декември полицајци при вршење на служба кај наплатна рампа Градско Биле забележале две возила, автомобил марка “Голф“ со албански регистарски ознаки и автомобил марка “Ауди“ со грчки регистарски ознаки во кои се превезувале повеќе луѓе.
При контрола на “Ауди“ откриени се две лица од Сирија и едно лице од Ирак, додека пак при контрола на “Голф“ биле пронајдени уште четири илегални мигранти сите од Сирија./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

