Црна хроника
Откриени вкупно 17 мигранти во два одделни случаи
Вкупно 17 мигранти биле откриени при шверц во два одделни случаи, соопшти МВР.
Синоќа околу 22 часот на патниот правец Богданци-Струмица во близина на село Костурино, полицајци запреле автомобил „сеат толедо“ сопственост на фирма од Радовиш, во кое се откриени шест сириски мигранти. По еден час и половина на автопатот Демир Капија – Неготино, полицајците забележале две паркирани возила автомобил „форд фиеста“ и камион „фиат дукато“ каде се качувала поголема група мигранти. На даден знак да застане, возачот на патничкото возило избегал, како и поголем дел од мигрантите. На лице место бил затекнат возачот на камионот и девет мигранти. Петнаесет минути подоцна кај клучката за Неготино бил најден и автомобилот „форд фиеста“ управуван триесет и тригодишен жител на Демир Капија. Возачите и мигрантите се приведени./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

