Контакт

Црна хроника

Пешак прегазен во Скопје

Објавено пред

Четириесет ипет годишен пешак почина во петокот вечерта во Градската болница во Скопје, како последица на повреди здобиени од удар од патничко возило.

 

 

Инцидентот се случил во 19,51 часот во Скопје на крстосницата од улиците .„Александар Македонски“, „16-та Македонска бригада“ и „Интернационални бригади“, кога М.П.(1983) од селото Арачиново, скопско, управувајќи автомобил „голф“ со скопски регистерски ознаки, удрил во пешакот Јовица П.(1969) од селото Петровец крај Скопје.

 

Во незгодата, пешакот Јовица се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во ГОБ-Скопје, каде починал. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. /крај/мф

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Објавено пред

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х. вработен како помлад советник во Одделението за управни работи Скопје при МВР поради констатирана повреда на член 168 од ЗВР и постапување спротивно на внатрешните акти на Одделението за граѓански работи со што сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина.

Како што информира полицијата, тој бил избран за член на Советот на Општина Арачиново, а во МВР бил вработен каде што ги остварува правата од работниот однос, а, пак, со ангажманот како општински советник констатирано е дека тој сè уште ја претставувал партијата за која бил избран на локалните избори.

Во врска со овој случај задолжен е Одделот за правни работи, судски постапки и управување со човечки ресурси да ги разгледа законските прописи што ја регулираат оваа материја и да преземат активности во однос на ваквото постапување на работникот – посебно со платата и надоместоците од плата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тројца во Велес обвинети за непочитување на здравствените прописи​

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Велес  поднесе до Основен суд Велес предлози за издавање казнени налози против три лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите спротивно на одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, биле затекнати како се движат на различни локации низ градот, во часовите кога тоа било забрането.

Јавното обвинителство предложи на обвинетите да им бидат изречени парични казни во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Почина кумановски работник кој со камион паднал во ископ на каменолом

Објавено пред

Во кумановската полиција во вечерните часови на 2 јули, работник во каменолом пријавил смрт на свој колега.

Според пријавата, при извршување на работи во каменоломот, 57-годишен возач од Куманово со камион-кипер, паднал во ископ.

Од лекар од Итна медицинска помош кај 57-годишниот кумановец била констатирана смрт на самото место на инцидентот.

Увид извршила екипа од СВР Куманово, во присуство на трудов инспектор.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ42 минути

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет1 час

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија2 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Македонија3 часа

Во функција тестовите за брза дијагностика на Ковид-19 за родилки и пациенти пред интервенција

Министерството за здравство информира дека тестови за брза дијагностика на присуство на вирусот Sars-Cov-2 се распределени и истите почнуваат да...

Свет3 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија3 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија3 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион4 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа4 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет4 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија5 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет5 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија6 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион6 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Македонија17 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет20 часа

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт20 часа

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Македонија21 час

Новинарите ќе добијат бесплатни тестови на коронавирус

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за...

Македонија22 часа

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Македонија23 часа

Градоначалникот на Охрид бара поддршка за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје

„Процесот на рушење на дивоградби во Охрид ќе трае и можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник по...

Досие