Црна хроника
Безживотно тело пронајдено во Охридскот езеро
Безживотно машко тело, пронајдено е во саботата околу во 07 часот и 20 минути во водите на Охридското езеро, соопшти СВР Охрид.
Телото било забележано од граѓанин на оддалеченост од околу пет метри од платформата на еден угостителски објект во централното градско подрачје каде длабочината на езерската вода е околу два метра.
Се работи за машко лице од близу 25 годишна возраст, со кратка коса и висина од 180 сантиметри. Во моментот на пронаоѓањето бил облечен во сини фармерки во кои имало еден клуч, најк патики, бела кошула со долги ракави, а под неа германски спортски дрес.
На местото на настанот увид изврши јавен обвинител и полициски екипи. На безживотното тело не се забележани траги на насилство а во текот на денов ќе биде извршена обдукција.
Охрид интензивно работи на утврдување на идентитетот на удавеното лице. Во таа насока, се молат граѓаните секоја корисна информација да ја достават до СВР Охрид или на телефонот 192. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.