Црна хроника
Пешак загина во Охрид
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот се случи на улицата „15 корпус“ во Охрид. Од здобиените повреди, на лице место почина Иван Н. (74) од Охрид .
Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот движејќи се по улицата, на коловоз бил удрен од патничко моторно возило марка „Хундаи Гец“ со охридски регистарски таблици кое се движело во правец кон селото Лескоец.
На критичното место, на уличниот коловоз се случил удар со предниот дел од возилото врз сега починатиот. Тука, набрзо пристигнала медицинска екипа на брза помош која ја констатирала смртта на пешакот.
На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на јавен обвинител, полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид и овластено судско вешто лице за сообраќај. За време на увидот од 18 часот до 21 часот, сообраќајот се одвиваше со пренасочување на возилата кон околните улици.
По наредба на јавниот обвинител, починатиот пешак е пренесен во Општа болница Охрид каде во текот на денешниот ден ќе се изврши обдукција. Полициските службеници со потврда го одзедоа патничкото моторно возило за понатамошно вештачење а од возачот Г.Ј. (40) од Охрид земени се примероци од крв и урина за анализа. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

